Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исклучените од парно ќе бараат од новата Влада да им ги реши проблемите

Исклучените од парно ќе бараат од новата Влада да им ги реши проблемите

Група на граѓани кои се исклучени од парно греење, а и натаму плаќале за топлинска енергија до новата Влада ќе достават десетина барања со кои треба да се решат нивните проблеми. Тоа се:

1. Поништување на незаконските одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)и изработка на нови Правила за снабдување согласно закон.

2. Поништување на Тарифниот систем за снабдување со топлинска енергија на РКЕи изработка на нов врз основа на стручни и научни постулати.

3. Разрешување на Претседателот и членовите на Управниот одбор на РКЕ и избор на нови.

4. Итно сопирање на сите судски процеси против исклучените граѓани кои не користат услуга од системот на Топлификација и БЕГ.

5. Покренување на сеопфатна истрага во ОЈО против сите чинители во организираниот криминал со парното и повикување на нивна одговорност.

6. Испитување на криминалот (антидатирање на предлози за извршување со злоупотреба на судски печат) во АД Топлификација и нејзините врски со лица и судии вработени во Основен суд 2.

7. Промена на Закон за енергетика во кој стриктно ќе стои дека исклучените од Топлификација не треба да плаќаат.

8. Воведување граѓанска контрола врз работата на РКЕ.

9. Формирање на правен тим за исправка на сите нерегуларности и обештетување на граѓаните за сите незаконито изречени судски пресуди.

10. Трајно одземање на лиценците на БЕГ и Топлификација и конфискација на незаконито стекнат имот.

11. Одземање на имот и незаконито стекнати средства од сите одговорни лица во правните субјекти и државните институции кои ја злоупотребиле својата службена положба како и забрана за нивно дејствување .

12. Преземање на греењето на Град Скопје од страна на државната ЕЛЕМ Енергетика или формирање на ново комунално јавно претпријатие за снабдување со топлинска енергија.

Иницијативата денеска ќе побара прием во новата Влада каде барањата ќе бидат и формално доставени. Инаку оваа група на граѓани често протестира и не се откажува од своите барања.

Слично

Поврзани вести