Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исказ во ОЈО за „крвавиот четврток“ ќе даде и Талат Џафери

Исказ во ОЈО за „крвавиот четврток“ ќе даде и Талат Џафери

Претседателот на Собранието,  Талат Џафери денеска во 12.30 часот ќе дава исказ во Јавното обвинителство, за настаните од 27 април во Парламентот.

Џафери ќе даде исказ за она што се случило денот кога беше избран за претседател и кога демонстранти  упаднаа во Собранието и тепаа пратеници.

Досега искази дадоа пратеници на СДСМ и ДУИ, а повикани се и двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дадат исказ во ОЈО. 

Оние пратеници кои досега дадоа искази се категорични дека станува збор за обид за убиство, а не учество во толпа. 

Слично

Поврзани вести