Исјановски за Фактор: Се уште имаме министер, ги демантирам шпекулациите дека јас ќе го наследам Филипче
Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски за Фактор изјави дека шпекулациите дека тој ќе биде следниот министер за здравство, се само шпекуалции и ги демантира овие информaции.
„Премиерот го има последниот збор. Во јавноста во моментов се што се пишува во врска со тоа кој ќе ја заземе позицијата министер за здравство, се неточни. Македонија се уште има министер за здравсто, тоа е Венко Филипче. Во моменти на тага не треба да се шпекулира за вакви работи“, рече тој.
Во Тетово завчера во модуларната болница имаше пожар, каде загинаа 14 луѓе. Денес имаше серија оставки, а оставка поднесе и министерот за здравство, Венко Филипче.
Слично
