Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ишингер смета дека е време Македонија да се приближи кон ЕУ и НАТО

Ишингер смета дека е време Македонија да се приближи кон ЕУ и НАТО

Поранешниот германски амбасадор Волфанг Ишингер кој е претседавач на Безбедносната конференција во Минхен смета дека е конечно време за Македонија да се приближи кон ЕУ и НАТО.

- Патот на Скопје кон ЕУ и НАТО треба да се одблкира. Тоа требаше одамна да биде сторено - вели Ишингер на неговиот твитер профил.

Тој коментираше на твитот на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека Македонија е еден од неколкуте примери на успешна превентивна дипломатија и оти по долго чекање време е за пробив на земјата во ЕУ и НАТО.

- Македонија е еден од малкуте примери на успешна превентивна дипломатија. Но запирањето на негативната динамика не е доволно. Време е да се искиристи приликата за забрзување на позитивната динамика и постигнување неповратен успех - вели Димитров кој на крајот му се заблагодарува на Ишингер за одличната организација на Минхенската безбедносна конференција.

Шефот на дипломатијата Димитров заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваа на 54. Минхенска безбедносна конференција што се одржа минатата недела, која се смета за водечки глобален форум на кој се дискутираат за актуелните и идните безбедносни предизвици. 


Слично

Поврзани вести