Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исени : Ќе има фотографија на казните од „Безбеден град“, ќе се казнува неносење појас

Исени : Ќе има фотографија на казните од „Безбеден град“, ќе се казнува неносење појас

Астриу Исени, заменик министерот за внатрешни работи,синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека казните од проектот „Безбеден град“ ќе пристигнуваат со приложени фотографии. Ќе имало казни и за неносење сигурносен појас и за зборување на мобилен телефон.

„Казната ќе вклучува и фотографија. Ќе се види дали возачот носел сигурносен појас или зборувал на телефон“, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени во Click Plus.

Исени, меѓу другото, нагласи дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку, како што додаде, да се подигне свеста за невнимание.

Исени најави дека казните од „Безбеден град“ ќе бидат и на албански јазик.

Инаку во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор.

Слично

Поврзани вести