Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЕЛУВАЊЕ ВО ЕВРОПА: Неповолни бројки за Македонија

ИСЕЛУВАЊЕ ВО ЕВРОПА: Неповолни бројки за Македонија

Нова карта на Европа покажува од кои земји најмногу луѓе се иселуваат и каде заминуваат. 

Држави како Македонија, Португалија, Хрватска, Црна Гора и Молдавија се соочени со фактот дека петтина од нивната популација емигрира. Од нашата земја се иселиле 24.8% од граѓаните.  Од Србија заминале 10.9%, а од Грција 8%. Од соседна Бугарија се иселиле 16.5% од населението. 

Најголемо иселување има од БИХ, а тоа е поткрепено со фактот дека 1.6 милиони луѓе во 2015 година живееле во странство иако се родени во БиХ. 

43.3% од населението ја напуштило БиХ, а од Албанија заминале 38.8%. 

Од Ирска заминале 18.8% од луѓето. Од Британија емигрирале 5 милиони луѓе заклучно со 2015 година. 

Во моќните и големи земји иселувањето е сосема мало. Од Франција си заминале само 3.3%, од Германија 5%, од Шпанија 2.7%. 

Слично

Поврзани вести