ИСЕЛУВАЊЕ: Само 440 граѓани си заминале лани од Македонија?
Во 2016 година од Македонија се иселиле само 440 граѓани, стои во официјалните податоци од Државниот завод за статистика.
Ако се следи состојбата години наназад трендот има намалување. Во 2015 година од Македонија се иселиле 767 лица, во 2014 година бројот на иселени бил 740, во 2014 година 945 лица, а во 2012 година Македонија ја напуштиле 1.330 лица.
Во Публикација за миграциите, стои дека во земјава во 2016 година се доселиле 283 македонски граѓани, а во 2012 година 396 граѓани.
Како дел од внатрешните миграции во државата, 6.869 лица мигрирале од една во друга општина.
Во Македонија според статистистичките податоци на крајот на 2016 година бројот на жители бил 2.073.702. Најзастапена е младата репродуктивна популација, 16,6% се деца до 14 години, и 13,1% се возрасни над 65 години.
