Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЕЛЕНИК ИМ ОДГОВОРИ НА СНИМАЧИТЕ: Срце ме боли за Битола, и стан и пари оставив во таа Македонија

ИСЕЛЕНИК ИМ ОДГОВОРИ НА СНИМАЧИТЕ: Срце ме боли за Битола, и стан и пари оставив во таа Македонија

Битолчанец кој денеска гласаше во австралискиот град, Мелбурн им се спротивстави на оние кои го снимиле. Од видеото објавено на Фејсбук страната „Предавници“, тој се враќа кај оние кои го снимаат и им вели дека служел војска во Македонија.

„Мене срце ме боли за Битола, и стан и пари оставив во таа Македонија“– рече тој.

Групата иселеници продолжува да го навредува битолчанецот, и да го прашуваат зошто гласал. Го нарекоа комунист и праша дали гласа за премиерот Зоран Заев и Грција. 

Министерствотo за внатрешни работи преку соопштение апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден (недела 30 септември 2018 година)  да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и било какво нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.

„Било какво однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе превземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја“- наведуваат од Министерството.

Согласно стандарните процедури, како што информираат, во МВР е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да превзема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести