Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иселеници од Америка вандалски низ Охридското шеталиште

Иселеници од Америка вандалски низ Охридското шеталиште

Иселеници од Америка со потекло од Република Македонија дивееле низ Охридското шеталиште.

Поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок по член 27 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид поднесе прекршочна пријава против четири американски државјани со македонско потекло.

– Во поднесената прекршочна пријава опфатени се: Д.Л. (22) и Ф.Л. (20) по потекло од струшкото село Радолишта како и М.Х. (24), А.Х. (21) со живеалиште во Аљаска. Утрово во 05:50 часот, пријавените се затекнати на пешачката патека при движење од правец на дискотека „Парк“ кон каналот Студенчишта, како вршат оштетувања и корнење на засадените дрвца од средишниот дел на патеката. Притоа, пријавените целосно откорнале и целосно уништиле две садници а поголем број делумно ги оштетиле. Лицата се приведени и по брза постапка и се спроведени во Основниот Суд во Охрид, информираат од СВР Охрид. 


Слично

Поврзани вести