Исчистена депонијата кај Крњево, ќе се прави плоштад
Жителите на населбата Крњево која се наоѓа во непосредна близина на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ќе добијат уреден плоштад на местото кое досега беше депонија. Како што соопштија од општина Центар, по преземените мерки отстранети со механизација се над 2000 метри кубни отпад, а градоначалникот Андреј Жерновски се прошета за да види што е сторено досега.
„Градоначалникот им вети на граѓаните дека на овој простор ќе се огради, ќе се посади тревник и ќе се постават клупи и справи за забава за децата. На плоштадот ќе се направи и летниковец, ќе се обноват и изградат нови пешачки патеки, ќе се постави и ограда кон булеварот, а се разгледуваат и можностите за спортска урбана опрема и спортски игралишта“, соопштија од општината.
Слично
