Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезнатото девојче е најдено и вратено дома живо и здраво - МВР без детали каде било овие неколку дена

Исчезнатото девојче е најдено и вратено дома живо и здраво - МВР без детали каде било овие неколку дена

Десетгодишното девојче кое пред неколку дена беше пријавено за исчезнато е најдено живо и здраво, соопшти полицијата. 

Од НВР велат и дека девојчето било пријавено на 17 декември и вчера е најдено и вратено дома. 

„На 20.12.2020 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.К.(10) од Скопје, за која нејзината мајка С.К.(39) на 17.12.2020 пријавила дека се оддалечила од домот, била пронајдена и вратена дома", информираат од МВР.

Потрагата по исчезнатото девојче се водеше неколку дена, а во неа освен полицијата учествуваа и граѓаните преку социјалните мрежи каде беше објавена фотографија од девојчето.

Неколку дена по потрагата девојчето е најдено и вратено дома. МВР не споделува детали околу тоа каде во текот на овие неколку дена било малолетното девојче. 

Слично

Поврзани вести