Исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп е најден починат
Исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп е најден починат.
Од Министерството за внатрешни работи(МВР) за „Скопје1“ информираа дека на 16 февруари 2026 година во 16 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница-Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот.
Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Потрагата почна откако на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син. Семејството претходно упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од претходниот ден околу 14 часот.
