Исчезнатиот велешки планинар пронајден мртов
Велешкиот пензиониран планинар Стојче Пецевски е пронајден мртов,откако вчера околу 10:50 часот во реонот на велешкиот рид Гроот е пријавен како исчезнат.
- За жал лицето е пронајдено починато.
Немаме информации за причините на смртта. Откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР.
, потврди Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.
Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели.
Станува збор за поранешен инженер,кому планинарењето му е хоби, а по него цел ден трагаше полицијата.
Слично
