ИСЧЕЗНАТА ТИНЕЈЏЕРКА (16) ОД СКОПЈЕ ПРОНАЈДЕНА ВО ГОСТИВАР - сопственикот на станот каде што била лоцирана е уапсен
Шеснаесетгодишна тинејџерка од Скопје, која претходно била пријавена за исчезната, е пронајдена во стан во Гостивар, информираат од СВР Тетово.
Според полицијата, на 30 март во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле малолетничката М.Ј.(16) во стан на Р.Ш.(19).
Девојчето потоа било вратено кај нејзината мајка, додека лицето кај кое била пронајдена е уапсено, и ќе следи понатамошна постапка.
- „На 30.03.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во Гостивар.
Таа претходно беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, а по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека Р.Ш. е лишен од слобода за понатамошна постапка - пишува во полицискиот билтен.
