Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИСЧЕЗНАТ Е ЦЕЛИ ТРИ МЕСЕЦИ: Најблиските на Черговски од Берово молат за каква било информација

ИСЧЕЗНАТ Е ЦЕЛИ ТРИ МЕСЕЦИ: Најблиските на Черговски од Берово молат за каква било информација

По 39- годишниот беровчанец Александар Черговски трага СВР Штип, откако неговото семејство објави дека е исчезнат. Младиот човек живее и работи во Берлин, а со семејството последен пат контактирал пред речиси три месеци, односно во февруари, кога им кажал дека од Германија се враќа во Македонија. Тогаш Черговски и последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

Случајот го потврди и СВР Штип.  

-По пријава на Интерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде се направени контакти и проверки на неколку локаци информираат од СВР Штип.

Неговото семејство пак со молба до јавноста:

-Исчезна нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар Мали Радио МК. Имено тој од Германија е излезен на 18.02.2021 год со цел да дојде во својот дом во Берово. Последна информација е дека ја преминува македонската граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници, односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага, информираат од семејството на Александар кое живее во Берлин. Ги замолувам сите пријатели кои имаат каква било информација за него, да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање, апелира неговото семејство.

Според лица блиски до Черговски, Александар на граничниот премин се симнал од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага.

ФОТО ФБ

Слично

Поврзани вести