Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aмбасадата на Белгија пријави исчезнат во Македонија, се бара со дрон

Aмбасадата на Белгија пријави исчезнат во Македонија, се бара со дрон

Вработен од амбасадата на Белгија во Македонија е исчезнат уште од средата, објави денеска СВР Охрид.

„На 18.09.2024 од амбасадата на Кралството Белгија, пријавено е дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија. Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид - Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење“, објави МВР.

Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Слично

Поврзани вести