ИСЧЕЗНА ТИНЕЈЏЕР ОД ЧАИР - Се трага по младото момче, еве како може да помогнете
На социјалната мрежа „Фејсбук“ се шири апел за помош во пронаоѓање на тинејџер од скопската населба Чаир.
Момчето има 15 години и се вика Фазли Фатлиу, а било какви инфомрации за негово проаноѓање се споделува и телефонски број, 071/289 - 129 .
- Од вчера во 16:00 часот ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да не информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129 - пишува во објавата споределена на „Фејсбук“ во групата „Шкупи“.
Како што пренесуваат дел од медиумите, исзчезнувањето на момчето веќе е пријавено во полиција.
- Ноќва (12.07.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар Л.Ф.(49) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот малолетен син Ф.Ф.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето - потврдуваат од МВР.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
