ИСЧЕЗНА ПОВОЗРАСЕН ЖИТЕЛ НА СЕЛО СТЕПАНЦИ - последен пат бил виден во саботата
Повозрасен жител на селото Степанци - општина Штип е пријавено за исчезнато и по него се трага.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, до нив е стигната пријава дека повозрасно лице е исчезнато.
- Пријава за исчезнато повозрасно лице од с. Степанци (Општина Штип) е добиена преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, извести Регионалниот ЦУК Штип. Пријавителот изјавил дека лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година.
Известени се и во МВР - Штип, од каде што посочиле дека е потребно е некој од блиските членови на семејството да однесе документ за идентификација за исчезнатото лице и негова фотографија.
Од ЦУК е известена и Општина Штип - укажуваат од ЦУК.
Воедно од Центарот информира дека имало вкупно 1 807 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,75 отсто, а 36,75 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 68,63 отсто, кон Итната медицинска помош 23,32 проценти, а кон пожарникарите 4,56 отсто, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Инаку, имало 668 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
