Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезна малолетничка од домот за деца без родители

Исчезна малолетничка од домот за деца без родители

Девојка на возраст од 17 години е пријавено дека исчезнала од домот за деца без родители „11 октомври“ од Скопје.

Полицијата информира дека вчера во 21,15 часот вработен во Јавна установа Центар за социјална работа – Скопје, пријавил дека 17- годишна девојка, на која и е старател по службена должност и е сместена во Детски дом „11-ти октомври“, не се појавила во домот од 21.12.2017 година.

Старателот посочил дека девојката почесто самостојно ја напуштала установата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


Слично

Поврзани вести