Економија, финансии, бизнис

Контакт

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Исчезна 32-годишниот Горан Ременски од Валандово. 

Семејството Ременски упати јавен апел за помош во потрагата. Според информациите од семејството, Ременски го напуштил домот на 25 април во раните утрински часови, околу 05:30 часот. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.

Последен пат е забележан истиот ден околу 6 часот кај бензинската станица „Гама Оил“ во Валандово, движејќи се во правец кон Струмица.

Од семејството посочуваат дека исчезнатото лице не поседува мобилен телефон ниту лични документи, што дополнително ја отежнува потрагата.

„Се апелира до сите граѓани кои имаат било какви сознанија или информации поврзани со неговото движење или моментална локација, веднаш да се јават“, наведуваат од семејството.

Контакт телефон за информации: 075 245 187.

Од полицијата информираат дека вчера во 13:30 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека од домот се оддалечило лице на возраст од 32 години.

Слично

Поврзани вести