Исчезна бранител од Куманово по втор пат
Ќерката на бранителот Предраг Петрушевски – Бинго од Куманово на социјалната мрежа „Фејсбук“ бара помош да се најде нејзиниот татко. Таа сподели информација во која наведува дека Петрушевски исчезнал вчера. Последен пат е виден во 9.15 часот по што му се губи секаква трага.
„Претпоставуваме дека е со автомобилот (пежо 406 сиво, KU 1998 AC). Телефонот му е дома. Облечен е во црна кожна јакна и фармерки. Ако некој го види или го има видено нека се јави на 077/516-543 или нека ми пише на профилот“- апелираат најблиските.

Слично
