ИСЧЕЗНА БИЛЈАНА АНДРЕСКА АНДОНОСКА ОД ПРИЛЕП - семејството моли за помош
Исчезната е 34 годишната Билјана Јандреска Андоноска од Прилеп, родена во 1991 година. Таа е сопруга и мајка на две малолетни деца Таиса и Доротеј, а последен пат е забележана во селото Крушеани по што и се губи секоја трага.
Случајот со нејзиното исчезнување е пријавен во полицијата, а нејзиното семејство со објави на социјалните мрежи замолува за помош за нејзино побрзо пронаоѓање. ж
- Луѓе мои помагајте Ве премолувам.
Мојата сестра Билјана е исчезната веќе повеќе од 24 часа.
Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен.
Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство.
Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива - пишува во објавата на Соња Јандреска.
