ИСЧЕЗНА 30 ГОДИШЕН МАЖ ОД НИКУШТАК: Влегол во езерото кај браната Глажња, но не излегол
Во Центарот за управување со кризи – Куманово, вчера во попладневните часови било пријавено дека маж влегол во водата на езерото кај браната Глажња, но не излегол од оттаму.
Како што информираа, се работи за Ф.Р. маж на околу 30 години, од село Никуштак.
По пријавата,вчера, во водите го барале нуркачки екипи на МВР,но безуспешно. Потрагата продолжува и денес.
Слично
