ИРЛ ја доби наградата на МИМ, „Никола Младенов“, за најдобра истражувачка сторија
Најиновативен новинарски производ во 2020 година го имаше новинарот Александар Манасиев, а најдобрата репортерска фотографија, според МИМ, ја направи фоторепортерката Арбнора Мехмети
Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е добитник на годинешната награда за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов 2020“, која ја доделува Македонскиот институт за медиуми, за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за ковид-19“.
„Ваквите награди и ваквите собири каде што доаѓаат драги, вредни колеги и организации коишто го поддржуваат слободното новинарство се од огромно значење, огромна мотивација и поттик да продолжиме да работиме понатаму“, рече Сашка Цветковска од Истражувачката репортерска лабораторија.
Најиновативниот новинарски производ во 2020 година го имаше новинарот Александар Манасиев, а најдобрата репортерска фотографија, според МИМ, ја направи фоторепортерката Арбнора Мехмети. Наградата „Никола Младенов“, Институтот ја доделува од 2011 година, со тоа што во 2013-та таа е именувана во името на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“. Наградите се доделуваат традиционално дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.