Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИРЕНА РИСТИЌ СЕ ПОБУНИ: Се воздржувам да не отворам уште еден фронт во оваа скапана држава

ИРЕНА РИСТИЌ СЕ ПОБУНИ: Се воздржувам да не отворам уште еден фронт во оваа скапана држава

Aктерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил, објави статус во кој кажа дека е против еутаназија на животните. 

„Јас се надевам дека без емоции со ладни глави ќе пристапиме кон ова прашање. Значи и еутаназијата што се однесува до мене, еве ја лично ако некој прв треба да каже доколку стручните служби заклучат дека тоа е единственото решение – јас ќе го поддржам тоа. И тоа во обем којшто ќе овозможи проблемот со кучињата бездомници во Град Скопје да се намали. Значи колку ќе биде одредено – немам проблем со бројот што ќе биде еутаназиран.“

Рече советникот Vasko и остана нееутаназиран!

Долго време се воздржувам да не отворам уште еден фронт во оваа скапана држава која ја водат неранимајковци и неспособњаковичи!

Вака, Васко!

Никого вие нема да еутаназирате!
Ниту едно недолжно животинче!

Туку пред да се уседите у фотељите и пред да ги засмрдите со вашите ценети газови, драг Васко, доброволно ќе се тргнете од функциите, ако веќе и официјално вака сте решиле да се справувате со проблемите!!!

Нема да должам, ќе кажам веднаш!

Јавна тајна е што се случува во тој Дахау за кучиња, знаеме за перењето пари, за хоророт и затоа:

ДАЈТЕ НИ ГО ВАРДАРИШТЕ!“ - напиша актерката. 


Таа додава дека тие би покажале како треба и како може. 

Слично

Поврзани вести