Инвеститору, дојди ако смееш!
Што или кој ги брка странците од македонската берза?
Странците минатиот месец инвестирале во македонските компании 225 илјади евра. Но, затоа пак продале капитал вреден 1,2 милиони евра. Според берзанскиот извештај за јуни, само 4% од вкупно истргуваните акции ги купиле странски инвеститори, а дури 21% од продадените се токму нивни. Ослободувањето од уделите во македонските компании е се поголемо од месец во месец. Тоа јасно го покажуваат извештаите од Македонска Берза. На пример, ако во јуни лани учеството на странските инвеститори на официјалниот акциски пазар било 24%, сега е 21%. Токму затоа нашиот пазар на капитал, препуштен на домашните инвеститори, едноставно тлее.
А што, или кој всушност ги брка странските инвеститори?
Одговорот треба да се бара некаде меѓу реалноста и фантазијата. Ги очекуваме, иако знаеме дека нема да дојдат.
Што би ги привлекло?!
Компаниите не издаваат корпоративни обврзници иако тие за инвеститорите би биле посигурни финансиски инструменти за вложување. На македонските газди и директори се уште им е поедноставно, а и поевтино, да се финансираат преку кредит наместо преку емисија на хартии од вредност. Од друга страна, нема иновативност и од Македонска Берза - се зголеми понудата на акции преку задолжителна котација, но остана проблемот со недоволна побарувачка.
И на крајот, странските инвеститори ги повикуваме истовремено додека знаеме дека закочените евро-атлански интеграции на земјава ги одваќаат.
Зарем Вие би стапнале на несигурно тло, во блато? Зарем Вие би вложиле во бунар без дно, во окно? Прескокнувајќи го зборот “лицемерие“, може да се констатира дека спасот на македонскиот пазар на капитал е во практично, а не хипотетично решавање на проблемите. Дотогаш, како разлика меѓу реалноста и фантазијата, доаѓа разочарувањето!
Христијан Стојчевски

Слично