Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инвеститорите се повлекуваат од Wall Street

Инвеститорите се повлекуваат од Wall Street
Индустрискиот индекс Dow Jones вчера забележа најголем дневен пад  во последните четири месеци, под влијание на слабите квартални резултати на компаниите, особено на производителот на хемикалии DuPonta  кој најави отпуштање на 1500 работници. Dow Jones потона за 243 поени или 1,82%,  додека индексот S&P 500  ослабна за 1,44%. Лошата состојба во која се наоѓа Duponta го притисна целиот рударски сектор, кој вчера беше најголем губитник на Wall Street. Потфрлија и финансиските резултати на United Technologies и на компанијата 3M,  при што цените на акциите на овие индустриски гиганти паднаа за еден однсно 4,1% .  
Слично

Поврзани вести