Инвеститорите незадоволни од работниците кои им ги нуди Македонија-кадарот не бил квалитетен за нивни потреби
Македонија не продуцира квалитетен кадар. Овој проблем е потврден од странските инвеститори кои почнаа да ги обелоденуваат проблемите во земјава на виделина.
Токму денес беше соопштено дека нема стручен кадар за работните места што ги отвораат странските инвестиции.
Од Советот на странски инвеститори при Стопанската комора ги пренеусваат жалбите на инвеститорите дека пазарот на трудот во Македонија не ги нуди потребните профили, кадарот е неискусен, без вештини и без познавања, поради што се ангажираат неквалификувани лица.
Инвеститорите порачуваат дека се потребни итни реформи во образовниот систем.
Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Штефан Петер ги алармираше институциите и побара ефикасни мерки од нив бидејќи, како што рече, наместо за три години овие компании да отворат 5.000 работни места ќе бидат принудени да побараат друга земја каде што ќе најдат соодветна работна сила.
Петер вели дека најбрзо решение за проблемот би било ако се воведе практична настава во средното образование и се промени настаната програма по теркот на дуалниот систем кој е практика во Швајцарија Германија и во Австрија. Истражувањето спроведено врз четриесет компании членки на Советот, покажува дека над 60 отсто од компаниите не се задоволни од понудата на пазарот на трудот. На повеќе од половина им било тешко да ги поплнат работните места каде се бара физичка работа. Најголема потреба имаат од кадар за одржување на опремата, од механичари и леари. Се проценува дека само за потребите на странските компании во следните три години ќе се отворат над 5.000 позиции за физички работници.
