Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е инвеститорот од Турција што сака да гради ветерници во Југоисточна Македонија?

Кој е инвеститорот од Турција што сака да гради ветерници во Југоисточна Македонија?

Инвеститор од Турција сака да го искористи ветерот во југоисточна Македонија, како обновлив извор на енергија.  Инвеститорот испратил известување до надлежните органи во државата, пренесува МИА.  Вкупно е предвидено да се градат десет ветерници, од кои 7 ветерници Демир Капија, а останатите три во Гевгелија.

Инвеститорот, преку својата компанија Калтун енержи ДОО Скопје, има намера за изведување проект ветерен парк Дрен, општина Демир Капија и Гевгелија. Се работи всушност за инсталации за искористување на силата на ветерот, заради производство на енергија, таканаречени фарми на ветер.

-Проектот за инфраструктура за изградба на Ветерен парк Дрен, општина Демир Капија и Гевгелија, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на просторниот план на Република Македонија, изработен од страна на Агенцијата за планирање на просторот од Скопје, стои исто така  во известувањето, пишува МИА.

Слично

Поврзани вести