Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВЕНСИС ја претстави иднината на греењето и ладењето

ИНВЕНСИС ја претстави иднината на греењето и ладењето

ИНВЕНСИС во соработка со Samsung на 23.05 во хотел Аликас, собра бројна група инсталатери, изведувачи, инженери и архитекти на презентација и стручен семинар за топлински пумпи и клима уреди.

Во врска со топлинските пумпи целта беше да се претстават премиум решенијата за греење, ладење и санитарна топла вода кои овозможуваат ценовна ефикасност и удобност на потрошувачите. Решенијата се во согласност со стратегијата на ЕУ  која ги промовира топлинските пумпи како енергетски одржливи за иднината и за климатските промени.

Од асортиманот на клима уредите беше нагласена Wind Free технологијата која претставува уникатен начин на ладење со ултимативен комфор-лади, а не дува. Истовремено е енергетски ефикасна со оптимална цена.

На самиот настан беше пуштена во реална функција топлинската пумпа SAMSUNG EHS MONO HT QIUEТ и WF EXPERIENCE кабината што привлече посебно внимание кај посетителите.

ИНВЕНСИС како фирма дава подршка на потрошувачите (за комерцијални, индустриски и резиденцијални објекти) при реализација на проектите-технички решенија, монтажа(инсталација), сервис и одржување.

ПР објава

Слично

Поврзани вести