Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНВАЗИЈА НА БЛАЦЕ И ЈАЖИНЦЕ - Одлуката за влез во земјава без ПЦР тест утре ќе се преиспитува

ИНВАЗИЈА НА БЛАЦЕ И ЈАЖИНЦЕ - Одлуката за влез во земјава без ПЦР тест утре ќе се преиспитува

Беше многу динамично и фреквентно денеска на граничните премини кон Косово. Поминаа илјадници возила, според официјалните податци на надлежните. 

Ова се случи откако беше одобрено патување без потребен ПЦР тест за граѓаните од двете земји. 

Според првичните најави, без ПЦР тест од денеска требаше македонските државјани да влегуваат и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. 

Но, доцна синоќа, македонската влада информираше дека поради зголемениот број заразени, забраната останува и единствено ќе може да се патува на Косово.

Државјаните од овие земји пак можат слободно да влегуваат во Македонија.

Од ноќеска на полноќ енормно се зголеми бројот на патници преку овој граничен премин. Од ноќеска на полноќ, до денеска на пладне регистрирани се 4.600 минувања, а над 60 проценти се за излез од Македонија.

Значително зголемување на фреквренција на луѓе се забележа и на граничниот премин Јажинце. Според тамошната полициска станица за гранички проверки од ноќеска на полноќ до 15 часот границата ја поминале околу 1.500 лица.

„Сообраќајот и преминувањето на границата се одвива тековно и без проблеми. Денес во временскиот интервал 00:00 до 15 часот преку граничниот премин ‘Јажинце’ за влез и за излез поминале околу 500 странски државјани и околу 1.000 македонски државјани. Во периодот кога за преминување на границата требаше да се има ПЦР-тест, на дневна основа поминуваа само по 15-20 луѓе“, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце, пренесува МИА.

А откако денеска влезот и излезот од и во Македонија од Косово беше дозволен без ПЦР-тест, од Владата најавија дека оваа одлука утре ќе биде преиспитана. Всушност, Владата утре ќе ја преиспита одлуката за влез во земјава без ПЦР-тест за државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Слично

Поврзани вести