Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервјуто со Стоиљковиќ испровоцира бугарски медиуми

Интервјуто со Стоиљковиќ испровоцира бугарски медиуми

По интервјуто кое за Фактор го даде пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, во кое тој, меѓу другото даде свое видување за односите меѓу Скопје и Софија, денеска за тоа пишуваа бугарските медиуми. 

Бугарската агенција БГНЕС излезе со свој коментар за интервјуто, во кое пренесуваат дел од него, за кое велат дека е дадено за белградското издание на Новости, но во нивниот уреднички коментар со наслов „Српски лидер од Скопје: Софија разнесе сè, Бугарија ќе има лоша судбина, Москва ја создаде Бугарија!“, пренесуваат всушност делови од интервјуто на Фактор. 

БГНЕС тврди дека Стоиљковиќ во интервјуто изрекол „навреди и клевети“, пренесувајќи дел од интервјуто.

„Односите меѓу РС Македонија и Бугарија се многу лоши и ова се должи исклучиво на Софија. Не сакам да верувам дека тие можат да направат нешто слично на Србија кога ќе дојде време. Без Москва, немаше да има Бугарија“, што, како што наведува БГНЕС се изречени од лидерот на Демократската партија на Србите во РСМ, Иван Стоилковиќ. 

Од БГНЕС велат дека „неговата партија била долгогодишен партнер на ВМРО-ДПМНЕ за време на владеењето на Никола Груевски и учествувала во сите националистички злосторства во земјата“.

А еве кои се прашањата и одговорите на актуелните теми кои пратеникот Стоиљковиќ ги даде во интервјуто за Фактор. 

Ваквата најава на Заев за Српскиот културен центар ги разбранува духовите во соседна Бугарија, кои преку министерката во оставка Екатерина Захариева изјавија дека и тој потег покажал дека нашава земја се уште не може да ги раскине врските со Белград и Москва?

Стоиљковиќ:Не гледам зошто би ја коментирал бесмислената изјава, па уште и на бившата министерка Захариева. Инаку, многу е едноставно,  да не беше таа Москва сега ќе ја немаше ни Бугарија. Но, тие си знаат. На оние што не ја научиле, историјата им се повторува, така што нивната судбина, не само нашата, без соодветна политичка памет, во иднина ќе биде многу интересна.

Како Вие, како припадник на српската заедница во земјава, ги оценувате македонско бугарските односи?

Стоиљковиќ:Македонско-бугарските односи ги оценувам како лоши, и тоа исклучително по нивна вина. Не би сакал да верувам дека истото можеби нема да и го прават и на Србија, кога ќе дојде време. Со неверување гледам како големците од ЕУ остануваат слепи и глуви на толку очигледното брутално користење на уценувачкиот потенцијал од страна на една нивна членка. Се плашам дека тоа е само дел од големата игра, но ќе видиме.

Што мислите за тврдењата на Софија дека како нација сме „коминтерновска творба“?

Стоиљковиќ:И мојот, и ставот на народот што го претставувам, и позициите на нашата матица Србија по однос на македонскиот народ се јасни и недвосмислени. Не заборавете дека само уште во Србија Македонците слободно се изјаснуваат како Македонци. Обично не ги коментирам бугарските националистички небулози, но еве, дури и да е така, што ги засега тоа Бугарите?

Иван Стоилковиќ рече дека со години „неговата партија има многу подобри односи со ВМРО-ДПМНЕ отколку со Социјалдемократскиот сојуз“, заклучува БГНЕС.

Слично

Поврзани вести