Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ЗА „ФОРБС“: Што вели Груевски за изборите и мигрантската криза?

ИНТЕРВЈУ ЗА „ФОРБС“: Што вели Груевски за изборите и мигрантската криза?

Американското списание „Форбс“ објави интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во кое тој вели дека неговата партија ќе победи на изборите на 11 декември, и дека земјата со тоа излегува од периодот на политичка неизвесност.

Се споменува дека Македонија успеала успешно да ја преброди и мигрантската криза и притоа да привлече поголем број инвеститори од САД и од други земји, и да ја намали стапката на невработеност.

„Следат избори во декември. Точно е, ние поминавме низ тешка криза, која се уште не е целосно завршена. Но, во ниту еден момент не престанавме да работиме со бизнис заедницата. Нашата економија продолжи да расте. Не го нарушивме кредитниот рејтинг. Убедивме неколку нови компании да инвестираат во Македонија. Нема да биде совршено, но мислам дека земјата сега оди во подобра насока. Да видиме што ќе кажат гласачите“- изјави Груевски во интервјуто за „Форбс“.

Списанието објаснува дека македонската даночна политика е клучен фактор кој придонел да се развијат слободните индустриски зони, да се привлечат компании од автомобилската индустрија и со тоа да се смени структурата на македонскиот извоз кон производи со повисока вредност. Груевски, кој неодамна беше во посета на Вашингтон и Њујорк, за „Форбс“ вели дека и во екот на политичката криза Македонија не престанала да работи на привлекување на странски инвестиции, при што нови фабрики се отворале и во време на кризата. Очекувањата се дека во 2016 година извозот од слободните индустриски зони ќе надмине две милијарди евра.

Во медиумите претходно излезе информација дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ плаќала дебела сума за тапкање по рамо, за средба со американски политичари и колумни. 

Македонскиот јавен сервис на РСЕ објавуви извештаи од американските компании што ВМРО-ДПМНЕ ги има ангажирано и од нив може да се види платените американски компании што сработеле во шестмесечниот период за владејачката партија од Македонија. 

Извештаите се објавени во Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда.

Нејасно е дали и ова интервју е дел од таа шема. 


Слично

Поврзани вести