Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ТОМЕ АТАНАСОВ: Евроинтеграциите ќе ни ја зголемат побарувачката но и продажбата на мебел

ИНТЕРВЈУ ТОМЕ АТАНАСОВ: Евроинтеграциите ќе ни ја зголемат побарувачката но и продажбата на мебел

Високиот квалитет, модерниот дизајн, удобноста и трајноста се синоними кога станува збор за мебелот на Југоекспорт Стил. Компанија за мебел која секогаш се труди да настапи со најдобрата понуда за своите клиенти. 

Со генералниот директор на Југоекспорт Стил Томе Атанасов денеска разговараме за саемските предизвици, попусти и понуди, но и за плановите во иднина.

Фактор: Заврши Саемот за мебел кој годинава по некои перипетии се одржа на нова локација. Каков е впечатокот?

АТАНАСОВ: Можам да кажам дека со оглед на условите, и на околностите оваа година, саемот сепак помина добро. Локацијата и просторот секако не се идеални, но мислам дека одржувањето на оваа манифестација сепак е во корист како и на нас фирмите од оваа индустрија така и на клиентите.

Фактор: Кои се предизвиците во однос на саемските манифестaции. Саемот за мебел од година в година добива на масовност, во развиените и во земјите од регионот доста внимание се посветува на нивното организирање и поставување. Кои се предизвиците во следниот период?

АТАНАСОВ: Саемот за мебел секогаш бил еден од подобрите саеми кои се одржуваат во Македонија. Оваа манифестација секогаш е проследена со многу домашни и странски фирми кои ги презентираат своите производи на нашиот пазар. Секогаш се бара простор повеќе за изложување на нови брендови и производи. Од страна на клиентите, масовноста е секогаш голема. Посетеноста секогаш била одлична, бидејќи и самите клиенти очекуваат и знаат дека на оваа манифестација може да добијат специјални понуди на новитети од светот на мебелот, но исто така да добијат и специјални саемски попусти.

Фактор: Саемските попусти се уште се во тек. Каква понуда креиравте и каков беше интересот?

АТАНАСОВ: Југоекспорт Стил секогаш се труди да настапи со најдобрата понуда за своите клиенти. И оваа година имавме саемски попусти на целокупниот наш асортиман. Можам да кажам дека имаме одлична понуда за да го задоволиме секој вкус и барање на клиентите. Најбитно е што саемските попусти важат во сите салони и се однесуваат на целокупниот наш асортиман.

Фактор: Како се позиционирате како компанија, кои се карактеристиките на пазарот, конкуренцијата?

АТАНАСОВ: Југоекспорт Стил секогаш се фокусира да понуди мебел за поширок опсег на клиенти. Сакаме да понудиме модерен мебел, по прифатливи цени, и сакаме со нашата понуда да допреме до секој клиент на нашиот пазар.

Фактор: Кои се предизвиците на секторот во следниот период?

АТАНАСОВ: Во следниот период очекуваме стабилизирање на македонскиот пазар и негово развивање во позитивна насока. Стабилна политичка клима, отворање на евроатланските перспективи, се надевам дека и за нашиот сектор ќе значат раст и поголема побарувачка а со самото тоа и поголема продажба.

Фактор: Колку желбите на потрошувачите се клучни за понудата која ја креирате во вашите салони?

АТАНАСОВ: За нас најбитно е да ги следиме светските трендови, да понудиме мебел по уникатен дизајн со прифатливи цени. Секогаш во нашата понуда сакаме да внесеме производи за сечиј вкус и сакаме да го задоволиме секои побарување на клиентите.

Фактор: Кое парче мебел е најбарано на овој саем од потрошувачите?

АТАНАСОВ: Во нашите салони за мебел и на скопскиот саем за мебел, можам да кажам дека имавме интерес за целокупната наша понуда. Ако веќе треба да издвојам, тогаш најголем беше интересот за гарнитури за дневна соба, а исто така и за маси, столици и клуб маси за дневна соба.

Фактор: Се почесто салоните за мебел се место на кое потрошувачите бараат идеи и совет за уредување на домот. Што на тоа поле им понуди Југоекспорт стил?

АТАНАСОВ: Југоекспорт Стил располага со свој тим на архитекти кои бесплатно вршат советување на своите клиенти. Нашите архитекти се со повеќе годишно искуство во оваа индустрија, знаат да ги препознаат и да излезат во пресрет на барањата на нашите клиенти. Архитектите, за нашите клиенти, изготвуваат и бесплатни 3Д решенија за уредување на просторот со мебел.

Фактор: По што е различен Југоекспорт стил од конкурентите?

АТАНАСОВ: Југоекспорт Стил секогаш има свој препознатлив стил, традиција и квалитет. Нудиме мебел од најголемите светски брендови како Каллигарис, Натиса, Алф Дизајн, Миотто Дизајн, Алплес, Кубо Росо и др. Секогаш сакаме да понудиме мебел со дизајн интересен за нашите клиенти и секако со поволни цени за македонски услови. Во нашите салони секогаш имаме акции и попусти за да може да ги направиме нашите производи уште по достапни за нашите клиенти.

Фактор: Кои се Вашите планови во иднина?

АТАНАСОВ: Југоекспорт Стил како фирма од секогаш одела во правец на проширување на својата продажна мрежа. Моментално располагаме со 4 продажни салони во Македонија, а во тек е изградба на нов магацинско/продажен простор кој ќе биде распространет на 25,000м2 и ќе биде најголем на овие простори. Со ова сакаме да бидеме различни од другите, со самото проширување сакаме да му овозможиме на македонскиот клиент можност за поголем избор, поголема презентација, и секако услови за подобар избор на парче мебел во нашата фирма.

Слично

Поврзани вести