Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју со Фин, Германецот кој се пресели во Македонија: „Македонци, бидете пољубезни еден кон друг“

Интервју со Фин, Германецот кој се пресели во Македонија: „Македонци, бидете пољубезни еден кон друг“

Кога Германец ќе реши да ја напушти сигурната кариера, стабилниот живот и студиите во една од најразвиените европски земји и да се пресели во Македонија, тоа неизбежно предизвикува љубопитност. Токму таква приказна има 24-годишниот Фин, млад човек од германскиот град Фрајбург, кој веќе речиси три години живее во Македонија и денес ја нарекува свој дом.

Она што почнало како случајно откритие – по натпреварот кога Македонија ја победи Германија во фудбал – постепено се претворило во нешто многу подлабоко. Првично доаѓал како посетител, потоа повторно се враќал, а со текот на времето чувството дека токму тука припаѓа станувало сè посилно. Иако во Германија имал јасно испланиран животен пат, дуално студирање по бизнис администрација, работа во голема компанија и сигурна иднина, Фин решил да тргне по поинаков пат.

Денес неговото секојдневие се одвива во Македонија – тука снима видеа за социјалните мрежи, го учи македонскиот јазик, патува низ земјата и открива нови места што сака да ги сподели со својата публика. Најмногу го привлекуваат природата, планините и, како што вели, „посебното животно чувство“ што го пронашол овде.

Во разговорот со Фин, тој искрено зборува за одлуката да се пресели во земја за која претходно знаел речиси ништо, за реакциите на неговото семејство, за културните разлики меѓу Германија и Македонија, но и за тоа како овде нашол поголем внатрешен мир. Од скриени градови како Кратово до омилените места како Бигорскиот манастир и Охридското Езеро, Фин открива што го фасцинира во Македонија и зошто верува дека нашата земја има нешто што многу европски земји веќе го изгубиле.

Интервјуто го објави Женски Магаин, каде што може целосно да се прочита..

Слично

Поврзани вести