Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ШЕРИФОВСКА: Искусете го совршенството на луксузот во Парк Резиденс на неговата 10 -годишнина!

ИНТЕРВЈУ ШЕРИФОВСКА: Искусете го совршенството на луксузот во Парк Резиденс на неговата 10 -годишнина!

Во пресрет на десетгодишнината од бизнисот, со гордост ја споделуваме приказната за Парк Резиденс, врвен луксузен комплекс кој стана синоним за софистицираност, елеганција и стил. Директорката Нина, истакнува дека луксузот не е привилегија, туку прашање на избор - а Парк Резиденс ја нуди можноста да го изберете најдоброто!

Честитаме на десет години успешен бизнис Парк Резиденс ( Park Residence)! Како би го опишале патот што го помина вашата компанија до јубилејот?

Нина: Ви благодарам за честитките. Десет години се значаен јубилеј, а нашето патување низ целиот овој период беше предизвикувачко и возбудливо. Десет години е сосем стабилен период да согледаме што сме постигнале и што треба да уште да направиме. Многу е важно да сме во тек со времето, потребите и посакувањата. Парк Резиденс е резултат на посветеноста на врвниот квалитет, луксузот и бескомпромисниот пристап кон клиентите. Горда сум на се што постигнавме и на тимот кој отсекогаш беше клучот за нашиот успех.

Парк Резиденс стана синоним за луксузен простор за живеење и деловен простор. Што го прави толку посебен?

Нина: Парк Резиденс е место каде луксузот станува прашање на избор. Тој, сам по себе е уникатен, затоа што е станбен, деловен и хотелски комплекс, а друг како него нема.

Нели, цело е кога има се ?

Предизвикот е да се создаде и одржи целото, треба да се заокружи целината. Притисокот не се гледа, но е голем, а го создаваат желбите  да се одржи концептот таков каков што е и да се подобри. Се соочуваме со сите предизвици што ги носи ова ново време, како недостиг од работна сила, неквалификувана, а да ги следиме новите трендови треба да се одговори на поголемите барања на клиентите од порано, треба да имаме оправдано реинвестирање во ваквите комплекси кое никогаш не престанува.

Постојано се стремиме да бидеме иновативни, а нашиот објект ги одразува најновите технолошки трендови и највисоките стандарди за енергетска ефикасност. Во Парк Резиденс не само што се живее во луксузна средина, туку се користат и најнапредните технологии кои го олеснуваат секојдневието.  Се фокусиравме на корисници кои го ценат врвниот квалитет и сакаат да живеат или работат во простор што го одразува нивниот животен стил.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за самиот комплекс Парк Резиденс? Што им нуди на станарите и посетителите?

Нина: Секако. Парк Резиденс не е само станбена зона. Парк Резиденс се наоѓа на атрактивна локација покрај реката Вардар, во рамките на единствениот вистински парк Градскиот парк во центарот на Скопје. Се состои од 126 апартмани, деловен простор, хотел со пет ѕвездички, обезбеден паркинг и зафаќа вкупна површина од 32.264 м2. Она што го прави нашиот комплекс уникатен е тоа што обезбедува се што им е потребно на луѓето на едно место. Се погриживме сите наши станари да имаат пристап до различни погодности, вклучувајќи ресторани, паркинг, спа центар, фитнес центар, винарија, барови, продавници, како и фризерски и козметички салони и многу други погодности. Во рамките на комплексот има и два хотели со 5 и 4 хотел ѕвезди, Парк Хотел и Спа и Некст дор. Парк Резиденс за своите станари има и 24 часовно обезбедување.

Како го опишувате впечатокот од гостите кои го посетуваат Парк Резиденс?

Нина: Искуството е различно, но ме радува фактот што повеќето од нив се задоволни, но не само од оперативниот технички дел и асортиманот што го нуди Парк Резиденс, туку и од тимот кои работи посветено, само така има задоволни клиенти.

Нашите клиенти се навистина важни, искрено посакувани.

Оние што го избраа Парк Резиденс, избраа убавина на долги патеки. Невозможно се да се почестите со нешто уникатно и време кога сакате, туку само еднаш или двапати во животот. Затоа што на вистинските вредности им треба време да прераснат во луксуз.

Да имавме повеќе станови за продажба, ќе беше добро, побарувачката е голема, зголемен е интересот, тоа покажува дека сме на добар пат, а најтешко е допрва доаѓа, треба да го одржиме тоа што го создававме.

Како би ја опишале улогата на Парк Резиденс во рамките на Групацијата Малиќи?

Нина: Парк Резиденс е првата инвестиција на Малиќи Груп во недвижен имот и сметам дека е вистински скапоцен камен од нашата понуда.

Секако дека меѓувреме пораснавме со капацитетите, кои и се многу поголеми по квадратура , но и како и инвестиции, но сепак Парк Резиденс ќе биде секогаш наш првенец со кого се гордееме.

Парк Резиденс е деловен простор направен како по мерка, и е 100 отсто прилагоден на потребите на клиентите за да се добие оптимално искористениот простор.

Кои се плановите за иднината на Парк Резиденс?

Нина: Ќе продолжиме да инвестираме во одржување на високи стандарди, со додавање нови содржини и прилагодувања според потребите на нашите корисници. Планираме да ја прошириме  понудата и да воведеме нови технологии за да се осигураме дека Парк Резиденс ќе остане лидер во луксузното живеење и работење. Се радуваме на иднината и понатамошниот развој на Парк Резиденс.

Сега, после десет години со полни гради ги повикувам пријателите и оние што сакаат да бидеме пријатели да ни се придружат во прославувањето на десетгодишнината на Парк Резиденс и да искусат од врвниот луксуз на уникатен начин. Но, луксузот не е само простор - тоа е искуство на животот.


Слично

Поврзани вести