Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проф. д-р Шенер Биљали: Со новата програма за стипендирање ги покануваме сите матуранти да го направат вистинскиот избор и да се запишат на МБУ

Проф. д-р Шенер Биљали: Со новата програма за стипендирање ги покануваме сите матуранти да го направат вистинскиот избор и да се запишат на МБУ

Интервју со Проф. д-р Шенер Биљали, проректор на Меѓународниот Балкански Универзитет

Со новата програма за стипендирање ги покануваме сите матуранти да го направат вистинскиот избор и да се запишат на МБУ

Меѓународниот Балкански Универзитет според Шангајската листа е најдобар универзитет воземјава во областа на наставата и учењето и беше прв кој во новонастанатата состојбапредизвикана од КОВИД-19 започна со 100% онлајн настава за своите студенти, а на овој начин со успех е реализирана и јунската испитна сесија. За начинот на одвивање на наставата на оваа модерна високообразовна институција, можностите кои во образовниот процес ги нудат новите технологии, како и за новата Програма за стипендирање на студентите базирана врз успехот остварен во средното образование, зборуваме со проректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет, проф. д-р Шенер Биљали.

 Заврши уште една учебна година која за жал поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги испразни универзитетите.Меѓународниот Балкански Универзитет беше прв кој брзо се прилагоди на новонастанатата состојба и започна со 100% онлајн настава за своите студенти. Колку сте задоволни од тоа како се одвиваше наставата и постигнатите резултати?

Одговор: Да, со големо задоволство можам да кажам дека Меѓународниот Балкански Универзитет на многу брз и квалитетен начин одговори на предизвикот со прекинот на образовниот процес. За рекордно време воведовмесистем за онлајн настава, кој целосно го интегриравме и со нашиот електронски систем „Хело“, со што на професорите и студентите им се овозможи продолжување на образовниот процес и успешно реализирање на целите на летниот семестар од академската година што поминува. Анкетирањето на крајот на семестарот покажа одлични резултати од аспект на задоволството на студентите од начинот на кој ја организиравме онлајн наставата, па така 98% од студентите одговорија дека следеа онлајн настава, 78% редовно ја следеа наставата, а 84% од студентите позитивно го оценија нашиот систем. Можеби звучи нескромно, но сите ние на Меѓународниот Балкански Универзитет сме особени горди и задоволни што единствени во државата реализиравме 100% онлајн настава и јунска сесија на испити, без ниту еден изгубен час.

 Дали платформата која ја направивте ќе ја користите и во иднина во образовниот процес, не само ако се случи наесен нов можен бран од КОВИД-19, туку и во редовната настава? 

Одговор: Ние како институција веруваме дека традиционалниот начин на настава и понатаму останува примарниот модел за високото образование. Но, секако не само поради КОВИД-19, туку генерално поради развојот на технологиите и новата дигитална ера, работиме интензивно на нивно користење во образовниот процес, бидејќи мораме едногласно да констатираме дека технологиите овозможуваат уште поквалитетен процес на стекнување на знаења и вештини тогаш кога се компактно инкорпорирани во традиционалниот модел. Секако дека пандемијата предизвикува промени во начините на кои размислуваме и гледаме на иднината и како сериозен универзитет ги следиме светските трендови и сме целосно подготвени да одговориме и на нови предизвици во иднина. Што се однесува до платформата за онлајн настава, обврзани сме да ги следиме и имплементираме стратегиите и регулативите на Министерството за образование и наука. Сегашното законско решение не дозволува учење од дистанца, но можеби токму пандемијата ни отвора хоризонти да размислиме во насока на овозможување на овој модерен систем на образование, секако комбинирајќи го традиционалниот модел. На некој начин веќе гласно се говори за хибриден систем, за кој ние како МБУ со голема доверба и професионалност се насочуваме кон ваквите нови околности.


 Започнаа уписите во новата 2020/2021 учебна година. МБУ стартуваше со нова Програма на стипендирање на студентите која се базира на остварените резултати во средното образование? Која е причината за воведување една ваква програма и колкава е квотата, односно бројот на стипендии кои ќе бидат доделени? 

Одговор: Да, неодамна ја преставивме новата Програма за стипендии на Меѓународниот Балкански Универзитет за академската 2020/2021 година. Главната цел на оваа нова програма и да ги привлечеме најквалитетните матуранти да добијат стипендија, затоа што цврсто веруваме дека ако ним им помогнеме во текот на универзитетските студии, нивниот придонес утре за нашите земји и општество ќе биде сериозен и мултидимензионален. Како општествено-одговорна високообразовна институција остануваме целосно посветени на поддршката на образованието и науката во Република Северна Македонија и Балканскиот регион, обезбедувајќи стипендии до 100% за најталентираните и најуспешните матуранти. Во изминатите 14 години од нашето основање, повеќе од 1200 студенти беа поддржани преку нашата програма за стипендии и денес тие се високо квалификувани професионалци, носители на промените во општеството и лидери во новиот свет. Тие се вистински амбасадори на Меѓународниот Балкански Универзитет и на нашиот модерен и квалитетен образовен систем, ориентиран кон кариерите и фокусиран на студентите. Ја користам оваа прилика, во духот на кампањата која е во тек и која гласи „најдобрите матуранти, на најдобриот универзитет“, да ги поканам сите матуранти да го направат вистинскиот избор и да се запишат на МБУ, а тоа сега го можат и од нивните лаптопи и смартфони, затоа што воведовме и систем за онлајн апликации за новата генерација студенти.

МБУ има 7 факултети со 18 наставни програми. Дали за сите важи можноста за добивање стипендии? 

Одговор: Новата програма за стипендии 2020/2021 ќе биде применета за студенти кои се државјани на следните земји: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Програмата за стипендии е ограничена со квоти на студенти на акредитираните студиски програми на додипломски студии (прв циклус студии) кои се опфатени со овогодинешниот конкурс за запишување на нови студенти. Истата нема да важи за Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа кои како нови единици и студиски програми се во процесот на акредитација. Стипендијата која што ќе ја добијат најуспешните матуранти ќе важи и за Подготвителната програма по англиски јазик за оние кои немаат задоволително ниво на познавање на англискиот јазик, како службен и единствен јазик на настава на МБУ.

 Вашиот универзитет минатата година според Шангајската листа беше прогласен за најдобар универзитет во земјава во областа на наставата и учењето. Што е она што МБУ го нуди на студентите и што може да ќе ги поттикне младите со добар успех да станат дел од Универзитетот?

Одговор: Навистина има повеќе причини зошто треба да се избере Меѓународниот Балкански Универзитет, но дозволете да наведам неколку за кои мислам дека се наша додадена вредност и уникатна можност за новата генерација студенти. МБУ е најдобро рангиран универзитет по Шангајската листа во категоријата настава и учење, што зборува за квалитетот и сериозноста на интерниот образовен систем. МБУ е единствен универзитет во Северна Македонија кој нуди целосни студии на англиски јазик. Англискиот не е само јазик на настава, туку и работен јазик на МБУ. Со најголемата инвестиција во високото образование во последните неколку години, на нашите студенти и идни генерации им обезбедивме кампус со светски стандарди во Скопје. Особено е важно да спомнам дека важиме за институција која најактивно ја применува програмата за студентска мобилност Еразмус+, а резултат на оваа проактивна работа е склучувањето преку 100 договори со 20-тина земји од Европа само под чадорот на Еразмус+. Со оваа програма, на студентите им се нуди целосна стипендија за студирање во еден од партнер-универзитетите за време на еден семестар или една академска година, со што тие стекнуваат нови знаења, култури, пријателства и мрежа на луѓе со кои би можеле да соработуваат низ кариерата.

Од круцијален интерес за студентите треба да биде и нашата соработка со бизнис заедницата. Соработката е интензивна, целосно компатибилна со потребите на пазарот на труд, па затоа имаме и најсолидни бројки по вработеност на студентите после дипломирање, што е над 90% вработеност во првите шест месеци. Нашето партнерство со бизнис заедницата овозможува бројни можности за практична работа на студентите во разни компании, но и вработување и кариера после дипломирањето.

Последно, ќе се навратам на програмата за стипендии. Таа е единствена и неспоредлива, а овозможува сѐ што наведов погоре да биде достапно за најквалитетните студенти преку стипендија која, повторувам, согласно успехот од средното образование може да достигне и 100% и целосно ослободување од школарината.


Слично

Поврзани вести