ИНТЕРВЈУ ЈАНЕВСКИ: Истражувањето на Галеника потврди - во фокус на популацијата е превенцијата и зајакнување на имунитетот
Фармацевтската компанија Галеника спроведе националното истражување за употребата на лекови меѓу граѓаните, но и да се види каква е
состојбата после и поради пандемијата, а тоа покажа промени во навиките на луѓето, односно нешто
повеќе од половина од популацијата пешачат или рекреативно спортуваат и користат
суплементи кои треба да им го одржат здравјето и зајакнат имунитетот.
Во последните години регионалниот фармацевтски лидер Галеника зазема нова позиција на македонскиот пазар за заштита на здравјето со нови производи како одговор на современите потреби и барања на потрошувачите. Откако кон крајот на 2017 година Галеника стана дел од NCGrupe (www.gruponc.net.br), се овозможи побрз развој, дигитализација на компанијата и модернизација соодветна на современите очекувања на сите потрошувачи, кои веќе 77 години со висока доверба грижата за здравјето ја препуштаат на Галеника. Даниел Јаневски, директор на претставништвото на Галеника во Македонија, вели дека како компанија севкупното работење се води според податоци кои ги добиваат од пазарите каде се присутни, а резултатот е високо квалитетни производи чиј број на македонскиот пазар постојано расте.
Компанијата во септември и октомври 2022 годинаспроведе националното истражување на територијата на Македонија со цел да се добие увид во здравствената состојба и употребата на лекови меѓу граѓаните, но и да се види каква е состојбата после, односно и поради пандемијата.
Неодамна во Македонија спроведовте истражување за користењето лекови меѓу граѓаните. Што покажа тоа истражување, односно каква е здравствената состојба кај населението?
Јаневски: Ние не сме исклучок, кардиоваскуларните заболувања доминираат кај наси во регионот, како и ширум светот. Во фармацевтската индустрија на ова се посветува значајно внимание и се внесуваат иновации за да се минимизираат последиците од оваа болест. Ова истражување е еден од многуте показателите дека сите индивидуално треба да посветиме повеќе време на себе и на сопственото здравје. Исхраната, движењето, суплементите кога се потребни, и редовни контроли се активности што секој треба да ги внесе во секојдневната рутина како превенција. Повеќе од една третина од луѓето велат дека имаат хронична состојба која бара редовна терапија. Околу 15 отсто од испитаниците се соочуваат со кардиоваскуларни проблеми, што значи дека болестите на срцето и крвните садови се најчеста хронична болест. Алергиите се високо на листата со 7 отсто, главоболките и дијабетесот со по 6 отсто, а потоа следат ревматолошките проблеми со 5 отсто.
Колку стресот и стилот на живот влијае на здравствената состојба?
Јаневски: Модерниот начин на живот и стресот имаат силно влијание. Најчести акутни проблеми за граѓаните во Македонија се главоболките или болките во 'рбетот и екстремитетите, односно 85 отсто од испитаниците се жалат на ваков тип на болка. Околу 61 отсто се соочуваат со респираторни инфекции со/и без температура. Гастроинтестинални проблеми се појавува кај 60 отсто од популацијата, а алергијата кај 36 отсто. На пример 40 отсто од луѓето користат аналгетици на месечно ниво, додека 22 отсто ги користат на неделно ниво. Околу 15 отсто се неделни корисници на таблети за смирување, а 13 отсто се месечни корисници. Една петина од луѓето користат лекови и препарати за полесно варење. Сето ова укажува на потреба на промена на животниот стил.
Колку граѓаните во Македонија ги променија своите навики за превенција и заштита на здравјето?
Јаневски: Промена има, очигледно е дека нешто повеќе од половина од популацијата имаат навики кои треба да им го одржат здравјето или зајакнат имунитетот, и во зависност од потребите и сезоната користат и суплементи. Околу 61 отсто од испитаницитеконсумиранамирници и состојки за кои сметаат дека се корисни за нивниот имунитет, додека 55 отсто редовно одат на прошетка или рекреативно спортуваат. Околу 48 отсто од граѓаните претпочитаат или суплементи со витамини и минерали или препарати специјално дизајнирани за зајакнување на имунитетот. Во просек, луѓето земаат околу 3 минерални и витамински производи.
Колку пандемијата влијаеше на навиките и однесувањето на популацијата од аспект на земање лекови?
Јаневски: Според податоците очигледна е промената во свеста за важноста на превенцијата на болестите, како и потребата да се подигне свеста за здравствените ризици и предизвици. Со пандемијата се зголеми свеста кај мнозинството за тоа како се кон сопственото тело и здравје. Ако во минатото сметавме дека грижата за здравјето припаѓа во ординацијата на докторот, сега сме посвесни дека приоритет во грижата, превенцијата и минимизирање на ризиците сме самите ние. И во таа насока говорат и податоците за кои претходно зборувавме. Од аспект на антибиотиците, пак, од јануари 2020 година 63 отсто проценти од луѓето користеле антибиотици и во просек земале 2,6 пакувања.
Истражувањето се спроведе и во Србија и во Босна и Херцеговина. Какви се навикитена граѓаните во Македонија во споредба со граѓаните од овие држави?
Јаневски: Податоците покажуваат дека употребата на лекови во Македонија е на слично ниво со земјите од регионот каде Галеника е присутна со своите производи. Само како пример, 80 отсто од граѓаните во Македонија најчесто во домашните аптеки имаат производи кои регуларно може да се издават без лекарски рецепт, додека во Босна и Херцеговина (БиХ) тоа се 85 отсто, а во Србија се 84 отсто од граѓаните. Видовите на лекови кои граѓаните ги имаат во своите домашни аптеки, независно дали припаѓаат меѓу оние кои регуларно се издаваат на рецепт или не, најзастапени се лековите за настинка, болки во грлото и кашлица, а по нив следат антипиретици за намалување на температурата, аналгетици и лекови за дијареја. Во БиХ на пример најзастапени се антипиретиците, додека во Србија се аналгетиците. Може да ги издвојам и алергиите, односно во Македонија во домашните аптеки се позастапени лекови и препарати против алергија - 47 отсто, слично и во Србија се 41 отсто, а во БиХ - 29 отсто.
Што Галеника ја инспирираше во 2022 година и кои се предизвиците за 2023?
Јаневски: Галеника е еден од оние фармацевтски брендови кои креираат историја со своето делување, односно стратешки е фокусирана на развој. Вложува во истражувања и развој на производното портфолио во функција на здравјето и унапредување на квалитетот на животот. На македонскиот пазар е присутна 77 години со производи кои имаат подеднакво долг век на користење, но и континуирано го зголемуваме портфолиото со нови производи од најновата генерација лекови. За нас е приоритет да ја оправдаме довербата што ја имаме меѓу корисниците на производите. И тоа ќе остане двигател и за 2023 година за нашата улога во Македонија, но и меѓународно компанијата планира да го прошири своето присуство.
Галеника на македонскиот пазар привлекува внимание и кај помладата популација, но истовремено е важен бизнис партнер. Каде е пред се насочен фокусот на компанијата?
Јаневски: На пазарот е важно да одговориме не само на корисниците на производите, туку и на нашите партнери, соработници и се разбира на нашите вработени. Галеника има одличен тим во Македонија, што во континуитет се зголемува за да одговори на новите пазарни очекувања. Нашиот тим е активно вклучен да придонесеме за поквалитетно секојдневие на заедницата. На домашниот пазар веќе сме препознаени и признати по квалитетот што го имаат нашите производи, но иновативниот и современ пристап помага да ги привлечеме помладите генерации на потрошувачи. Тука сме присутни со богато портфолио кое постојано се проширува со нови производи. И се разбира сите овие сегменти се важни и за нашите бизнис соработници и партнери.
Позицијата во регионот е потврдена, каде Галеника го гледа својот раст?
Јаневски: Галеника одамна ги помина границите на регионот и денес со свои производи е присутна на три континенти. Компанијата има амбиција да расте на меѓународните пазари во лидер кој ќе воспоставува трендови и останува посветени на луѓето и верни на здравјето. Галеника е глобален конкурент на 15 меѓународни пазари во Европа, Блискиот Исток и Африка, а отворени се канцеларии и во Хрватска и Словенија.
*Собирањетоподатоцизаистражувањетона Галеникаво Македонија госпроведе ИПСОС вопериодот на септември-октомври 2022 година, воурбани и руралнисредини, меѓунаселениетонавозрастод 18-70 години, мажи и жени.
