ИНТЕРВЈУ ЃОРЃИЕВСКИ: Замрзнати се проектите за кои се водат судски процеси, Брисел сега ни дава поддршка
Марко Ѓоргиевски дојде на местото директор на Националната агенција за европски образовни програми откако за неговата претходничка Лидија Димова предмет отвори и Јавното обвинителство, а таа беше разрешена од функцијата. Агенцијата и претходно ја следеа некои „скандали“. Во интервјуто за Фактор зборува за сите детали, контролата, како се трошат парите.
Ве прашувам прво, дали успеавте да го стабилизирате работењето на агенцијата?
Ѓорѓиевски: Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е институција која се соочува со сериозни предизвици во работењето повеќе од една деценија од самото нејзино формирање и континуиран мониторинг на Европската комисија.
Функцијата ја преземав со јасна визија за спроведување на програмите со кои раководи агенцијата и политики кои ги негуваат европските вредности, и во центарот на развојот ја ставаат транспарентноста, достапноста и видливоста со една цел Националната агенција да биде вистински амбасадор на нашата држава.
Би сакал да споделам дека во изминатава година агенцијата работи под постојан надзор на институциите кои ја мониторираат работата на истата. Како државна институција, градиме квалитетна двонасочна соработка со националните, но и со европските институции која носи поквалитетни процеси во интерес на сите. Дејствуваме активно, посветено и со јасен план во унапредување на процесите и јакнење на капацитетот и довербата во агенцијата користејќи ги принципите на транспарентност и системска соработка почитувајќи ги европските стандарди за професионално работење.
Преземавме низа на стратешки чекори, донесовме повеќе документи, прирачници и процедури кои не биле претходно донесени или не биле доволно ефикасни при нивната примена и претставуваат основа за вистински напредок и позитивна слика за Националната агенција.
На самиот почеток на моето доаѓање потпишавме договор за дигитализација заедно со ЕУ делегацијата во Скопје што значеше започнување на процес на целосно дигитализарање на агенцијата. Ние ќе бидеме една од првите институции во државата што ќе биде целосно дигитализирана а а тоа ќе резултира со намалувањето на човечкиот фактор во различните процеси.
Би сакал да напоменам дека и нарушените меѓучовечки односи кои што ги наследив се променија и заедно со вработените мора да изградиме институција која што ќе нуди можности за сите каде никој нема да не биде изоставен.
Кои се сознанијата за евентуалните штети кои преку Агенцијата и се нанесени на државата, на буџетот но и на реномето?
Ѓорѓиевски: Националната агенција преку отворен пристап, достапност и директна соработка, континуирано е на располагање на надлежните институции кои ги водат постапките за целосно расветлување на процесите со кои вистината ќе излезе на виделина.
Овие процеси неминовно влијаеа на перцепцијата на јавноста за националната агенција, но и го покренаа вниманието на Брисел кој ни даде силна поддршка да работиме одлучно и посветено во градењето на довербата и негувањето на европските вредности согласно принципите на професионално работење. Во следниот период останува надлежните органи да ги завршат постапките, но моја силна заложба заедно со тимот на агенцијата е посветено да продолжиме да работиме на креирање нови партнерства, но и на ревитализација на постојните што ќе ни овозможи да креираме повеќе можности за сите.
Преку целосна визуелизација на самите проекти и учесниците ќе се испрати порака за важноста на програмите со кои што раководи НА. За таа цел направивме целосно нов вебсајт за Европски солидарен корпус и целоносно нов веб портал за Националната агенција кој што треба да биде промовиран во почетокот на 2022 година. Дополнително ја унапредивме комуникацијата со јавноста и присустноста на социјалните мрежи што придонесе за градење на поголема транспарентност поврзано со работата на институцијата.
Пристапот каде градиме институционална соработка, креираме нови партнерства и можности со сите релевантни институции за нашето работење вродува со неминовен плод и креира нови можности за сите.

Со оглед на тоа што случајот се уште нема судски епилог, кои се евашите сознанија во однос на можните злоупотреби направени преку оваа Агенција?
Ѓорѓиевски: Националната агенција за европски образовни
програми и мобилност својата главна цел ја насочува кон квалитетна
имплементацијата на европските програми со кои раководи. Како институција
градиме капацитети и креираме нови мостови со цел да промовираме нови и
повеќе можности за сите каде активно ги фокусираме сите наши достапни ресурси
кон имплементација на програмите со фокус на корисниците. Како што напоменав и
претходно, останува надлежните инситуции да ја завршат постапката, додека ние
како агенција со максимална посветеност и висока професионалност да ги
имплементираме програмите кои се нашиот главен фокус. Важно е да се знае дека
за предметите за кои се води судска постапка се суспендирани/замрзанти и
чекаат судска развршница. Националната агенција останува посветена со сите свои
достапни ресурси кон реализација на програмите кои ги раководи со цел да креира
нови можности за сите.
Агенцијата работи по стратешки план и определени финансии. Какви проекти се предвидени веќе од следната година и колку тежат овие проекти?
Ѓорѓиевски: Европската комисија оваа година ја започна новата седумгодишна Еразмус+ програма за програмскиот период 2021-2027 година. Поддршката и грантирањето на потенцијалните проекти е следено од низа чекори кои ги почитуваат националните закони и истите се во соодвестуваат со т.н. прогрмаски водич. Националната агенција работи посветено, почитувајќи ги сите правни акти во државата и процедурите во рамки на програмата кои ги донесува Европската комисија и релевантните инситуции во Брисел. Нашето професионално и транспаретно работење е пресликано во различните процеси кои се раководени од агенцијата како: објавување на јавен повик за предлог апликации, проверка на услови и техничка документација на апликантите од програмските офицери, се до оценување од страна на надворешни експерти-евалуатори избрани на јавен повик. Сите процедури кои ги спроведуваме се во целост назначени од Брисел и се имплементираат со највисока професионалност и внимание.
Кога сме веќе овде сакам да истакнам дека во тековнава 2021 година Националната агенција креираше нова база на надворешни експерт-евалуатори избрани преку точно утврдена, јавна и транспарентна постапка и истата за прв пат брои повеќе од 70 евалуатори што е добра основа за транспаретно, непристрасно и квалитетно работење односно оценување на пристигнатите предлог апликации. Ова претставува најголема база на експерти сите овие години од постоењето на Националната агенција, со што покрај подигнување на квалитативниот аспект на оценувањето директно дејствуваме на намалување на ризиците и потенцијалните судири на интереси, како и неетичкото работење во процесите на оценување на апликациите.
Што се однесува до следната година и приоритетите, ние како агенција остануваме посветено и професионално да работиме.Согласно програмата треба да се почитуваат приоритетите поставени од Европската комисија за поддршка на проекти кои во себе вклучуваат акцент на зелена агенда и заштита на животната средина, дигитализација, инклузија и разновидност и унапредување на демократскиот живот.

Ако конкретизирате, што всушност ќе работите следната година?
Ѓорѓиевски: Кон крајот на оваа година се потпиша договорот помеѓу нашата држава и Европската комисија со тоа што влегуваме во нов програмски период 2021-2027 година. Тоа значи дека и следните седум години ќе се управуваат двете програми Еразмус+ и Европски Солидарен Корпус со потврден статус на програмска земја во рамки на програмите.. Од друга страна во моментов за некои од мрежите со кои раководиме се подготвени договорите како на пример за мрежата ЈутВики и Евридика, а за другите сме во исчекување на договор од Европската комисија.
Следната година е година на младите на ниво на Европска Унија и нашиот фокус треба да биде исто таков.Посветено да работиме кон креирање на повеќе можности со цел да вклучиме повеќе лица кои ќе имаат можност да преку „Еразмус+“ се развиваат на личен и професионален план и никој да не биде изоставен.
Со колку пари располагате во моментот – колкав е буџетот за следната година?
Ѓорѓиевски: Со оглед на тоа што оваа година е првата од новата програмска рамка 2021-2027 година и договорите се потпишаа при крајов на година можеме да го истакнеме буџетот што оваа година ќе се додели на добитници на грантови.
Почитувајќи ги принципите на транспаретност и отвореност, заедно со повикот на нашата веб страна се објавува и буџетот за да може сите заинтересирани страни да бидат информирани. Оваа година може да споменеме дека најголем дел од буџетот е наменет за високо образование со над 2.6 милиони евра каде што за мобилност се скоро 2.0 милиони евра, а 0.6 милиони евра се за стратешки партнерства.Потоа следува стручното образование и обука со 1.8 милиони евра од коиза мобилност се 0.8 милиони евра, а 0.9 за стратешки партнерства, училишно образование има на располагање 0.6 милиони евра за мобилност и 0.4 за стратешки партнерства, во образование за возрасни има на располагање 0.1 милион евра за мобилност и 0.4 за стратешки партнерства. На крајот, но со еднакво значење за млади има на располагање 0.2 милиони евра за мобилност односно 0.4 за стратешки партнерства.
Важно е да напоменеме дека сите промени кои што ги направивме за транспарентно и отворено работење во насока на вклучување на нови чинители кои имаат јасна визија и експертиза за да направат промени кон подобро утре можеме да го видиме во новите грантисти т.н. “newcomers” кои за прв пат се добитници на проекти во програмските полиња. Во „Клучната акција 1 - Мобилности за учење на индивидуи“ од вкупниот број на одобрени проекти повеќе од 50 проценти се newcomers, додека во „Клучна акција 2 - Соработка помеѓу организации и институции“ повеќе од 70 проценти се newcomers на што сме навистина горди како агенција.
Еразмус + програмата носи некои нови предизвици до 2027 година. Како сме
вклучени, што тоа значи за македонското образование, за што точно станува збор?
Ѓорѓиевски: Северна Македонија е програмска држава во програмата Еразмус+ што значи дека сме рамо до рамо со сите членки на Европската Унија. Тоа значи дека ги имаме истите можности и истите правила важат за сите програмски држави односно за сите учесници во проектите. Поддршката што ја добива македонското образовние е непроценлива. Импактот кој го прави програмата на лично и професионално ниво кај лицата вклучени во активностите можеме да го забележиме насекаде.
Реализирани се над 2000 студентски мобилности и студентски пракси и Согласно извештаите од студентите важно е да нотираме дека 96 отсто од студентите изразуваат позитивен импакт од реализацијата на мобилностите и праксите. 98 проценти од вкупниот број на студенти кои реализирале мобилности ги надградиле своите вештини во полето на студирање. Понатаму, надградување на јазичните компетенции има кај 96 отсто од студентите кои реализирале мобилност, а вработливоста е подобрена кај 87 проценти од студентите кои по завршувањето со студиите се вработиле (меѓународната мобилност круцијална при првото вработување).
Во периодот 2014-2020 година преку програмата реализирани се 584 индивидуални мобилности на наставен кадар од училишноото образование. Преку мобилностите наставниот кадар учествува во задачи за учење, набљудување на работно место и присуство на структурирани курсеви на различни теми од значење за образовниот систем.
Националната агенција останува посветена во насока на следење на успесите на лицата кои преку Еразмус+ програмата направиле промени за себе и своите врсници и околоната кон подобро утре.

Вие сте на чело на оваа јавна институција која беше создадена да ги примени
европските програми овде. Настрана, македонското образование и денеска во ова
време се соочува со низа предизвици од секаков аспект ( децата немаат
компјутери, некаде нема дури и клупи, наставните програми често се менуваат но
со каков квалитет?) Каде го лоцирате проблемот?
Ѓорѓиевски: Националната Агенција спроведува само дел од европските програми поврзани со образование и наука. Искористеноста на Еразмус програмата е на високо ниво од над 95 отсто што значи голем интерес и искористеност. Од друга страна идејата на импактот на оваа програма која што е највидлива е стекнување на меки вештини.
Студентските мобилности, младинската размена, размената на младински работници, мобилноста на наставен кадар, итн. даваат креираат промени и влијаат на развојот на лично и професионално ниво.
Сите интервенции кои се креираат и се комплементарни придонесуваат кон градење на капацитети на образовните инстиуции а со тоа и квалитетот на образовните политики и нивната имплементација во пракса.
Предизвиците во образованието во едно вакво ново дигитално време се неминовни меѓутоа со помош на европските програми може директно да се придонесе кон подобрување на состојбите во македонското образование кои исто така има и многу за пофалба. За крај, не заборавајте дека потенцијалот за развој е во секој од нас. Креирајте повеќе за себе и за другите, за сите заедно да креираме подобро утре каде никој нема да биде изоставен бидејќи секоја индивидуа е важна.
Александра Томиќ