Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Алберт Хани: Во лавиринтите на судството криминалот направи тврдина!

Интервју Алберт Хани: Во лавиринтите на судството криминалот направи тврдина!

Ниту еден притисок не може да помогне да се решат проблемите бргу, едноставно и без последици, но веруваме дека меѓународната зедница ќе најде начин како да ги деблокира евроатланските интергации на Македонија – вели во интервју за “Фактор“ политичкиот аналитичар Алберт Хани. Сега кога Владата почна да работи на спроведување на обврските зацртани во Акцискиот план за реформи, Хани смета дека меѓу приоритетите треба да биде и администрација и судството, кои со децении беа мета на “политизација“.

Фактор: Неминовно беше Македонија да започне реформски процес во повеќе сегменти. Планот 3.6.9. за реформи генерално е амбицизен. Дали сметате дека она што не можеше или можеби немаше политичка волја да се спроведе – сега може да се исполни како поставена домашна задача од страна на ЕУ?

Хани: Со оглед на тоа дека новите реформи суштински се разликуваат по однос на пристапот на решавањето на долгорочните општествени проблеми, но сега од други политички структури, сметам дека не треба да биде претерано амбициозен план затоа што реално постојат и многу структурни и системски пречки кои треба да се елиминираат претходно. Процесите на евроатланските интеграции верувам дека ќе се забрзаат затоа што тоа зависи од државите кои и сакаат добро на Македонија, но тоа што зависи од нас и во исто време ги загрозува интересите на идивидуи и структури кои досега профитираа од узурпираните државни институции и тоа ќе биде проблематично да се реши бргу, без конфликти и без главоболка.

Фактор: Најчуствителен сегмен е судството. Како би се одвивале реформите таму, со оглед на тоа што со месеци не може да се направи промена во врвот на Јавното обвинителство? Идејата за генерален реизбор е орфрлена, но како би се спровеле реформите?

Хани: Судството е најчувствителната алка на нашето оптштество. Тоа е цел на напади од независноста на земјата. Сите оставиле траги на корупција без нималку да помислат дека тоа е основниот столб на општеството. Реформите во образованието не креираа нова визија кај новите генерации на правници, кои оваа функција не ја сватија како благородна туку како бргу-збогатувачка. Во лавиринтите на правилата, законите, уредбите итн, заштитниците на криминалот си направиле своја тврдина во судството. Не е лесно да се менува се одеднаш и тоа за кратко време. Треба да се почне од тоа што се има и што се може, а тоа е освестувањето на судиите и на обвинителството дека нивните канџи го држат ја заложништво иднината на нивните деца и на идните поколенија.

Бизнис секторот треба да понесе поголема одговорност од Владата ...

Фактор: И медиумите се високо нотирани – како проритет за реформи. Како де се “деполитизира “ и овој сегмент?

Хани: Сметам дека деполитизирањето на медиумите ќе почне тогаш кога бизнис секторот ќе свати дека губи пари од поддршката необјективноста на медиумите, како и тогаш кога медиумите ќе почнат да размислуваат како менаџери - космополити. Бизнис секторот треба да превземе поголем одговорност дури и од Власта. Во оваа смисла ценам дека треба истотака да се осмисли систем за казнување на

Политичките партии кои директно или индиректно ги поткупуваат или вршат притисок на медиумите. Од друга страна не треба да се престане со доедукација и професионализација на новинари кои ќе се појават во јавноста не само како Истражувачки новинари туку и како општествено одговорни лица.

Фактор: Една од точките е независност на институциите. Сега, кога политиката и партијата длабоко навлегоа во државниот апарат – како е можно администрацијата да се врати на професионалните стандарди и институциите да се ослободат од духот на политиканството?

Хани: Деполитизацијата на администрацијата и нивната професионализација, ценам дека ќе дојде до израз кога таа администрација ќе се намали, како борјка, а од друга страна нема да се користи како машинерија за гласање. Она што е важно во исто време ќе обезбеди натпревар на знаења и искуство наместо партиска послушност.

Ќе има решение за евроатланските интеграции на Македонија ...

Фактор: Евроатланската иднина зависи од целиот овој пакет на реформи – но тоа е внатрепна домашна задача. Но – на надворешен план Македонија се соочува со пробелотмот со името – Грција најави дека нема да отстапи од цревените лини. Што можед а се очекува на надворено -политички план ?

Хани: Геополитичката стабилност на Балканот и на Европа има поголемо значаење отколку проблемот со името, посебно сега кога меѓународната заедница се соочува со бегалска криза. Ова верување ми укажува дека меѓународната заедница, како и Грција ќе ја сватат сериозноста од единствен систем за заштита, и дека ќе се дојде до привремено решение за интеграцијата на Македонија во НАТО структурите а покасно и отварање на процесите за Преговарање со ЕУ.

Фактор: Дали ЕУ и САД се подготвени да го засилат “притисокот“ врз јужниот сосед за да се деблокира процесот за евроатланските интеграции на Македонија?

Хани: Ниту еден притисок не може да помогне да се решат проблемите бргу, едноставно и без последици, но пријателскиот однос на Македонија кон Грција како и но пријателските укажувања на меѓународната заедница кон ризиците може да и помогнат на Грција да прифати привремено решение кое нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ.

Д.А.

Слично

Поврзани вести