Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервенции во поплавени домови, долг прекин на телекомуникациите во Скопје

Интервенции во поплавени домови, долг прекин на телекомуникациите во Скопје

По обилните врнежи на дожд кои вчера го зафатија Скопје и околината, дојде до помали поплави во општините Бутел, Карпош и Ѓорче Петров, каде мораше да интервенираат и екипите на институциите за справување со вакви кризни ситуации, информира ТВ24.

Градските власти информираа дека на терен интервенирале поголем број на екипи на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со возила и пумпи во повеќе поплавени објекти, а интервенирале и екипи на Противпожарната бригада на Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

- И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира, соопшти Град Скопје.

Поради истите причини вчера речиси три часа корисниците на услугите на „Телеком“ имаа прекин на телевизија, фиксна телефонија и интернет.

Од „Телеком“ информираа дека како последица на невремето што го погоди скопскиот регион, настанале технички проблеми и поради тоа дошло до прекин на услугите кај корисниците на територијата на град Скопје и дел од територија на Македонија, како и до недостапност на контакт центарот.

Слично

Поврзани вести