(ФОТО) Интерпол трага по тројца Македонци-зошто меѓу нив го нема името на Груевски?
И покрај тоа што скоро една недела е распишана потерница од Македонија, на сајтот на Интерпол го нема името на екс премиерот Никола Груевски.
Од Интерпол за ТВ21 велат дека одговорот треба да се бара во домашните институции.
-Не коментираме посебни освен во некои посебни околности-стои во одговорот од Интерпол.

Како што може да се провери на интернет сајтот на Интерпол, моментално се трага по тројца Македонски граѓани меѓу кои се Ајро Аќуиф, Шпетим Битиќи и Џемсит Дехари.
Јавноста ја чека одлуката на Унгарија
Утринава низ унгарските медиуми крижат информации дека е донесена одлука по барањето за политички азил на Груевски но не е познато дали е одобрено или одбиено.
Слично
