ИНТЕРНЕТОТ НАЈГОЛЕМ ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ТЕМИ: Граѓаните помалку се инфромираат од телевизија, анкета на Еврометар 2023
Резултатите од
анкетата Еврометар 2023 покажуваат дека граѓаните за политички теми
најчесто се информираат преку интернет, и тоа над 56 проценти, од кои над 90 проценти се информираат од
социјалните мрежи, а 28,2
отсто од онлајн медиумите.
На прашањето „како се информирате за политички теми“ најмногу или 56,5 проценти од испитаниците одговориле преку интернет, потоа следат 43,5 отсто преку телевизија, 12,5 проценти од пријатели/фамилија и 1,8 отсто преку радио. Околу 13,4 проценти од испитаниците одговориле дека не се информираат.
Во врска со важноста на изворите на информациите за ЕУ и за пристапниот процес на земјата во ЕУ, најголем приоритет испитаниците даваат на ТВ/видео материјали (47%), додека директните лични учества на јавен настан/дебата е важен за 35 отсто, мултимедијалниот материјал за онлајн пристап за 34 проценти и текст или инфографикони за 33 проценти од испитаниците.
Најголем дел од граѓаните 48,2 отсто рекле дека се информираат дневно за темите во однос на ЕУ и земјава, потоа 30,1 месечно, 18,4 отсто неделно и 3,3 проценти не одговориле.
Анкетата ЕВРОМЕТАР 2023, е спроведена во текот на септември 2023 година на репрезентативен
Испитувањето на јавното мислење е спроведено во рамки на проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ со финансиска поддршка од Европската Унија.
