Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

Основното јавно обвинителство Скопје интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес, велат од Обвинителството.

Во текот на ноќта, како што информираат оттаму, издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот.

Слично

Поврзани вести