Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА: Спојувањето на предметот историја е скандалозен и дилетантски потег, бараме да се повлече веднаш

ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА: Спојувањето на предметот историја е скандалозен и дилетантски потег, бараме да се повлече веднаш

Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје денеска се огласи со жестока реакција за предлог концептот за кратење на предметот историја, односно негово вклопување во друг предмет заедно со општествени науки.

Овој институт смета дека ваквиот концептот е целосно погрешен, скандалозен, се носи нетранспарентно, дилетантски, а тие што го спроведуваат се некомпетентни и не ја познаваат материјата што сакаат да ја реформираат. Оттаму предупредуваат и дека секој обид за спроведување на концептот во актуелен миг наликува на активности на квислинзи и домашни соработници на странски сили, кои не работат во интерес на својот народ и држава.

„Како матица на историското образование и наука во македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, Институтот за историја соопштува: Таканаречениот „Концепт“ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утредента ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи“, напишале од Институтот во своето соопштение до јавноста, објавено и на нивната официјална фејсбук страница.

Оттаму додаваат и дека идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, според нв, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст.

„Т.н. „Концепт“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени
однадвор. Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци. Со оглед на искажаново, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје решително го отфрла понудениот концепт и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во
врска со предметот Историја“, се вели во реакцијата од Институтот за историја.

Слично

Поврзани вести