Институциите во потрага по решение, бабата на Тео и Тони бара патики за внуците
Без патики за школо но и без основни услови за живот се близнаците Тео и Тони за кои јавноста дозна пред неколку месеци.
Тие живеат во Долно Лисиче во Скопје со нивните баба и дедо, а институциите бараат решение за егзистенцијалното прашање на близнаците и како да им обезбедат помош.
“Немаат патики за првиот ден на училиште, вчера немав ни леб да им купам”, низ солзи раскажува очајно нивната баба - се пишува на социјалните медиуми.
Тие и се внуци кои откако родителите им се развеле ги оставиле кај бабата и дедото да се грижат за нив. Но и двајцата немаат основни услови за опстанок а дедото кој не гледа со едното око е на привремена работа во странство.
Слично
