Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторот Ацо Комета прободен од својот брат пред Општина Бутел

Инспекторот Ацо Комета прободен од својот брат пред Општина Бутел

Општинскиот инспектор Ацо Тацесвки, познат уште како Ацо Комета, е прободен со нож во непосредна близина на зградата на Општина Бутел.

„360 Степени“ дознава дека бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а бил нападнат од неговиот брат. Од Општина Бутел пак рекле дека станува збор за меѓучовечки недоразбирања и дека инцидентот нема врска со работењето на самоуправата.

„Во 07:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во непосредна близина на општина Бутел, вработен во општината А.Т. (53) од Скопје е прободен со остар предмет од страна на неговиот брат Љ. Т. (52) од Скопје. Полициски службеници излегле на лице место и Љ.Т. е приведен, а А.Т. со возило на Итната медицинаска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје“, потврдиле и од МВР., кои ги пренесуваат само иницијалите.


Слично

Поврзани вести