Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНСПЕКТОРИТЕ СЕ НА ТЕРЕН И ВРШАТ МЕРЕЊА: се огласи Меџити за состојбата во Трубарево

ИНСПЕКТОРИТЕ СЕ НА ТЕРЕН И ВРШАТ МЕРЕЊА: се огласи Меџити за состојбата во Трубарево

Доцна ноќеска со видео порака од местото на големиот пожар во Трубарево се обрати и министерот за животна средина Изет Меџити кој го посетил објектот за рециклирање батерии и електронски отпад.

Како што може да се види од видеото, додека на терен, магацинот во Трубарево се уште беше во пламен и густ чад се креваше.

- Со право предизвика загриженост кај сите нас. Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент. 

Веднаш по добивањето на информацијата за пожарот, сите надлежни служби – Министерството за животна средина, противпожарните екипи и другите институции – интервенираа навреме и ситуацијата во моментов е под контрола. Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. 

Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка. Дотогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност - изјави Меџити.

Во соопштението од неговиот Кабинет, министерот за животна средина посочува дека компанијата во чиј објект вчера попладне во Трубарево избувна пожарот поседува важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година.

- Во тесна соработка сме со сите институции за што побрзо и поефикасно надминување на оваа несреќа - додава Меџити.

Видеото може да го погледнете на следниов линк: 



Поврзани вести:

ОСТАНЕТЕ ВНАТРЕ, ЗАТВОРЕТЕ ПРОЗОРЦИ И АКО МОРА ДА ОДИТЕ НАДВОР НОСЕТЕ МАСКИ - се огласи Инситутот за јавно здравје

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО - прво се запалила фирмата „Ф-Групација“, потоа пламените јазици ги зафатиле соседните објекти

ПОЖАР ВО ТРУБАРЕВО - граѓаните револтирано споделуваат фотографии на социјалните мрежи

Која е „Ф-Групација“ чии објекти горат во Трубарево: Постои од 1998 година, а еве и каква е нејзината заработка низ годините

„ОТРОВНИТЕ ГАСОВИ МОЖАТ СЕРИОЗНО ДА ГО ЗАГРОЗАТ ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА И БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ“: Д-р Чибишев со предупредување

Слично

Поврзани вести