Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспекторите на терен да ги утврдат причините за смртта на родилката од Охрид

Инспекторите на терен  да ги утврдат причините за смртта на родилката од Охрид

Инспекторите извршиле инспекцииски надзор во охридската  болница и кај нејзиниот матичен лекар . Вонреден надзор ќе се изврши и на Клиниката за гинекологија и акушерство и КАРИЛ во Скопје.

Министерството за здравство доколку е потребно ќе формира  и стручната комисија, велат од ДСЗИ.

Вонредниот инспекциски надзор  ќе ги испитува причините за смртта на 29 –годишната родилка од Охрид, младата жена почина на КАРИЛ, на само две недели по породувањето во Охридската болница.

Првично лекарите утврдиле дека причина за смртта е сепса, а родилката имала и хронична болест, Lapus. Од охридската болница тврдат дека брисот од раната од царскиот рез бил негативен и дека смртта не е од гинеколошка компликација.

Министерствотот за здравство изрази сочувство до семејството и нагласи дека поради историјата на болеста на родилката истата била третирана како ризичен пациент во бременоста. Исто така, од таму соопштуваат дека родилката била примена на скопските клиники во тешка здравствена состојба и се превземени сите мерки за да се спаси пациентката.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш презеде мерки, и изврши вонреден инспекциски надзор во установите кадешто се лекувала родилката.
Слично

Поврзани вести