Економија, финансии, бизнис

Контакт

Инспектори затворија угостителски објект кај Групчин, полицијата го приведе газдата

Инспектори затворија угостителски објект кај Групчин, полицијата го приведе газдата

Синоќа околу околу 23.15 часот, тетовската полиција го лишиле од слобода А.Ш.(21) од тетовски Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Скопје, кој не го почитувал новото работно време до 21.00 часот согласно мерките за заштита од пандемијата.

Во моментот кога Државниот пазарен инспекторат и полиција ја извршиле контролата, во објектот престојувале 9 лица гости. 

Сопственикот е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат.


Слично

Поврзани вести